СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Филип Морис прогласен за топ работодавач во светски рамки

Филип Морис Интернешнл (PMI) петта година по ред е прогласен за топ работодавач во светски рамки од страна на холандскиот Институт за врвни работодавачи.

Ова признание е еден вид потврда за напредокот штo Филип Морис Интернешнл (ФМИ) го прави како дел од процесот на трансформација, цврсто позиционирајќи ја компанијата меѓу најпрестижните работодавачи во светот со фокус на задоволување на потребите на глобално разновидната работна сила.

„Ние сме горди што сме именувани како една од 16-те меѓународни организации на годинешното глобално сертифицирање „Топ работодавач“, што зборува за нашата постојана извонредност во практиките за управување со човечки ресурси и нашата способност да ги задоволиме потребите на современата работна сила“, изјави Адријан Шутер, глобален раководител на интегрирано управување со таленти.

„Визијата на PMI да создаде иднина без консумација на цигари, ја поттикна енергијата и страста на нашата работна сила која се состои од 73.500 глобални вработени да застане зад нашите напори да донесеме позитивни промени за возрасните пушачи кои инаку би продолжиле со пушењето и, секако, за целото општество“, додава тој.

Инаку, Институтот за врвни работодавачи ги доделува овие признанија проценувајќи ги HR практиките на компаниите во шест димензии: нивната способност да управуваат со стратегијата, обликувањето на трансформацијата, привлекувањето на вработени, развој на работната сила, ангажман на вработени и обединување на вработените преку културата.

Како дел од процесот на сертифицирање, ФМИ требаше да демонстрира пред независните ревизори за човечки ресурси дека се истакнува во овие шест димензии одговарајќи на 400 прашања поткрепени со докази.

Филијалите на Филип Морис Интернешнл исто така беа признати како водечки работодавачи во 44 земји низ Европа, Блискиот исток, Африка и Азија / Пацифик.

Поврзани вести

Компаниите помалку дисциплинирани кога отплаќаaт кредит

msp-admin

КОВИД-19 ќе го принуди бизнисот да преразмисли како работи

msp-admin

Економијата на Ирска расте побрзо од кинеската

Влатко Зорба