СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Financial Times ги прогласи сопствениците на „BioNTech“ за личности на годината

Financial Times ги прогласи сопствениците на BioNTech за личности на годината. Двојката Угур Сахин и Озлем Турец ги посветија своите животи на најсмртоносната пандемија во овој век во последните единаесет месеци, а нивната компанија, заедно со американскиот Pfizer, развија вакцина за коронавирус чија употреба започна пред неколку дена.

Financial Times наведува дека тие започнале да планираат работа на вакцината два месеци пред СЗО да прогласи глобална пандемија. Дури и тогаш, Сахин предложил оваа компанија да посвети поголем дел од своите ресурси на производство на вакцини.

“Тие седеа на појадок во јануари и читаа во медицинското списание Lancet за респираторната болест што се појави во Хубеи, Кина. Тие веднаш ја забележаа алармантната стапка на инфекции и брзината на ширење“, пишува FT.

Инаку, нивната компанија изби на врвот во светски рамки со вакцина против коронавирусот, откако заедно со американски Pfizer објавија дека нивната вакцина по третата фаза на клиничко тестирање е 90% ефикасна.

Сахин, роден во Турција, пораснал во Германија каде неговите родители работеле во фабрика на Ford. По завршување на факултетот, Сахин станал професор и научник во областа на имунотерапијата. Работел во болници во Келн и Хамбург, каде во првите години од академската кариера ја запознал Туреџи, која работела како имунолог.

Озлем, која е ќерка на лекар кој исто така од Турција дошол во Германија, вели дека дури и на денот на венчавката нашле време да поминат во лабораторија.

Во претприемништвото ги направиле првите чекори во 2001 година, кога ја основале компанијата Ganymed за да може да развијат антитела против карцином, но Сахин во ниту еден момент не се откажал од академските предаања на Универзитетот во Мајнц.

Нивната компанија е продадена во 2016-та година на јапонска Astellas за 1,4 милијарди долари. BioNTech ја основале во 2008-ма година со цел да развијат алатки за имунотерапија во борба против карциномите.

Фондацијата Bill & Melinda Gates вложи 55 милиони долари во нивната компанија што работи на лекување на ХИВ и туберкулоза.

Поврзани вести

Кина остро против на извршната наредба на Трамп против „ТикТок“ и „ВиЧет“

msp-admin

Брегу: Заедничкиот регионален пазар доби широко признание и поддршка

Volkswagen и Audi ја предизвикуваат Tesla

Влатко Зорба