СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Фортенова“ стана мнозински сопственик на „Меркатор“

Денес се префрлени 69,57 проценти од акциите на „Пословни систем Меркатор“ од „Агрокор д.д.“ на „Фортенова“, со што Меркатор стана составен дел од трговијата на мало на групата, која сега поседува 88,1 процент од „Меркатор“.

Преносот на акциите се случи истовремено со рефинансирање на долгот на Меркатор кон 55 банки од страна на „Фортенова“, во вкупен износ од 385 милиони евра.

Во соработка со своите доверители „ХПС Партнерс“ и „ВТБ“, групата ги обезбеди потребните средства и целосно го замени наведениот долг на Меркатор, со што се обезбеди непречено пренесување на сопственоста на Меркатор од стечајна компанија во стабилна компанија, консолидирана сопственост и кредитни структури.

Од денес, малопродажната мрежа на „Фортенова“ се состои од околу две и пол илјади продажни места на „Меркатор“ и „Конзум“ со вкупно 39 илјади вработени кои работат на пет пазари во регионот со речиси 20 милиони жители.

Поврзани вести

„Мериот“ заедно со Црвен Крст ќе собираат донации за социјално загрозените семејства

msp-admin

Кои професии имаат најголем ризик од инфекција со коронавирус?

msp-admin

Google се откажува од колачињата во Chrome

msp-admin