СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Гартнер“: Глобалните испораки на телефони ќе растат во текот на 2021 година

Аналитичарите на „Гартнер“ предвидуваат дека глобалните испораки на телефони ќе достигнат вкупно 1,5 милијарди во текот на 2021 година, со раст од 11,4% на годишно ниво.

Еден од главните двигатели на растот на продажбата е секако 5G, а продажбата на 5G телефони се очекува да достигне вкупно 539 милиони (35% од вкупната продажба) оваа година.

Многу корисници, среде пандемијата на коронавирус, чекаа да ги надградат своите телефони кога 5G уредите станаа подостапни. Затоа во текот на 2020 година е забележан пад на продажбата на телефони од 10,5 проценти.

Аналитичарите на Гартнер истакнуваат дека развиените пазари на азиско-пацифичкиот регион, Западна Европа и Јужна Америка ќе забележат најголем раст на продажбата на телефони во текот на 2021 година.

Интересно е што се продадени 16,7 милиони 5G телефони во 2019 година, скок на 213,3 милиони во 2020 година, додека 539 милиони 5G телефони се очекува да бидат продадени во 2021 година.

Поврзани вести

ММФ ја зголеми својата прогноза за глобалниот раст

Влатко Зорба

Рекорден пад на невработеноста во САД во јуни

msp-admin

Volkswagen отвори фабрика за рециклирање на батерии на автомобили

Влатко Зорба