СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„GM“ ја „брка“ „Tesla“: Авто гигантот го менува логото и најавува 30 електрични возила

Американскиот производител на автомобили „General Motors“ ќе го смени логото и ќе започне маркетинг кампања за електрични возила со цел да се претстави во ново светло, како компанија која произведува возила што не ја загадуваат животната средина.

Старото бело лого „GM“ на сина позадина ќе ги замени сините букви „GM“ на бела позадина заокружени во сина боја. Ова е најголемата промена на знакот од 1964 година.

Компанијата, исто така, изјави дека до 2025 година, 30 нови возила на батерии ќе ја видат светлината на денот. Новата кампања, како што рекоа, треба да ја претстави нивната прогресивна визија за иднината.

Кон крајот на минатата година, „GM“ објави дека се приближува кон откривање на нов вид на батерии што ќе ја направи цената на електричните возила поприфатлива за помалку од пет години, како и цената на возилата со мотори со внатрешно согорување. Тие ќе можат да поминат повеќе од 700 километри со едно полнење на батеријата и да забрзаат од нула до 100 километри на час за само три секунди.

Компанијата вети дека ќе инвестира 27 милијарди долари во производство на возила на батерии до 2025 година.

Инвеститорите на берзата се повеќе се интересираат за компании кои произведуваат електрични возила. Акциите на „Tesla“ минатата година пораснаа за 800 проценти, а пазарната вредност на таа компанија надмина 800 милијарди долари.

Пазарната вредност на „General Motors“ порасна малку и изнесува 61 милијарда долари.

Поврзани вести

Швајцарија најиновативна, Македонија 59-та во светот

msp-admin

Студија: Apple Pay го очекува светла иднина

msp-admin

Microsoft ќе инвестира милијарда долари во оваа балканска земја

msp-admin