СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Годишен пресек: Макстил со минимални емисии на цврсти честички (вклучително и ПМ 10 и ПМ 2.5) далеку под дозволената граница

Макстил, како општествено одговорна и транспарентна компанија започнува со јавно објавување на емисиите на цврсти честички кои се испуштаат од производствените оџаци за време на работењето на фабриката.

Според годишните мерења на компанијата, во месеците кога се одвива производство, максималната достигната вредност на емисии на прашина е 0.74 mg/Nm3, што е повеќе од 25 пати под дозволената граница од 20 mg/Nm3. Како компанија, изминатите години вложивме големи средства и инвестиции во поставување на високо технолошки процеси за контролирање на производството. Максималното намалување на емисиите на прашина во воздухот е приоритет во нашата работа.

Во прилог на ова соопштение е пресекот на работењето на компанијата во изминатата година и движењето на емисии на цврсти честички (вклучително и ПМ 10 и ПМ 2.5). Погонот Челичарница немаше никаков производствен процес во месеците февруари, мај, јуни, август и ноември оваа година а во останатите месеци работеше просечно по 15 дена во месецот.

Поврзани вести

Следи најголемото купување на акции во историјата?

Влатко Зорба

Huawei гради фабрика во Франција: Ќе произведува 5G опрема за целиот европски пазар

msp-admin

Објавени цените на вакцините против КОВИД-19

msp-admin