СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ НА ОБЛЕКА на маки: „Не можеме сите да правиме пижами!“

Европските и американските ланци за трговија со облека не успеваат да се ослободат од залихите и да ги намалат нарачките за пролетни колекции, а фабриките во Бангладеш залудно чекаат нарачки, бидејќи во ковид- светот, пижамите се најбарани.

Глобалната индустрија за облека само што започна да се опоравува од тешката 2020 година, кога пристигна нов удар – нов бран на ширење на вирусот и ограничувања од страна на владите кои се обидуваат да го запрат, но и нееднакви програми за вакцинација.

Некои ланци сè уште не успеале да се ослободат од облеката од минатата година, што нормално би „изгорела“ при продажбата. Британски „Примарк“ има на залиха колекција за пролет / лето 2020 година, вредна 150 милиони фунти и колекција вредна 200 милиони фунти за есен / зима.

Во консултантската фирма „Мекинзи“, вредноста на непродадената облека ширум светот, во продавниците и магацините, се проценува на 140 до 160 милијарди евра, што е повеќе од двојно од нормалното.

Нарачките не пристигнаа

Британските „Маркс и Спенсер“ и германски „Хуго Бос“ порачаа помалку облека од вообичаеното за пролетната колекција годинава.

Проблемите се прелеваат на големите производители на облека, како што е Бангладеш, кој многу се потпира на извозот на текстил. Фабриките се борат да останат отворени.

Здружението на производители и извозници на облека од Бангладеш спроведе истражување на педесет фабрики и откри дека тие добиле 30 проценти помалку порачки оваа сезона од вообичаеното, поради затворањето пред Божиќ во поголем дел од Европа. Нов проблем пристигна во јануари со нови мерки за блокада.

„Нарачките обично пристигнуваат три месеци однапред. Но, нарачките за март не пристигнаа“, рече сопственик на фабрика, Шахидолах Азим, чии клиенти се трговци од Северна Америка и Европа.

„Работиме со 25 проценти капацитет. Имам неколку нарачки фабриката да работи до февруари, но после тоа не знам каква ќе биде нашата иднина. Тешко е да се каже како ќе преживееме“, додаде Азим.

Пижамите се „ин“

Минатата година беше тешка за индустријата за облека, која забележа пад на продажбата за 17 проценти, според „Еуромонитор“, а иднината е понеизвесна.

Проценките за 2021 година се движат од песимистичките предвидувања на „Мекинзи“ дека ќе падне за 15 проценти до проценките на „Еуромонитор“ дека ќе се намали за „само“ 11 проценти.

Дали има некоја светла точка? Некаков вид олеснување донесе популарноста на пижамите за време на блокадата.

„Ако сакате да знаете што да облечете во Велика Британија – пижамите се вратија во мода“, рече извршниот директор на „Маркс и Спенсер“, Стив Роу, во јануари.

„Хуго Бос“ алудираше на истиот феномен, намалувајќи ја понудата на класична деловна облека и проширувајќи ја за дома и за одмор.

За некои производители, ова е мала утеха.

„Побарувачката за пижами никогаш не била поголема, но не можеме сите да правиме пижами“, вели Али.

Поврзани вести

„Verizon“ ги продава Yahoo и AOL за 5 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

Кој на УЈП ѝ должи 8,9 милијарди денари?

msp-admin

Џејмс Хоган и помага на Црна Гора во воспоставувањето нова авиокомпанија

Влатко Зорба