СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Берза: Бришење на издавачот Сковин АД Скопје од „Листата за набљудување“

Денеска Македонската Берза изврши бришење на издавачот Сковин АД Скопје од „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, поради изминување на периодот од три месеци во кои издавачот Сковин АД Скопје требаше да се наоѓа на Листата согласно Заклучокот на Одборот на директори за обрнување внимание на инвеститорската јавност за издавачот Сковин АД Скопје од 10.11.2020 година.

Издавачот Сковин АД Скопје беше внесен на „Листата на набљудување“ на 11.11.2020 година согласно 61-а од Правилата за котација, поради тоа што според објавената Одлука за одобрување на голема зделка – продажба на подвижен и недвижен имот, пренос на трговски марки и засновање на заложно право (хипотека) врз недвижности кои се предмет на продажба, донесена на Собрание на акционери на издавачот одржано на 27.11.2019 година и објавеното образложение на неревидираните финансиски извештаи за период 01.01-30.06.2020 година, друштвото има извршено продажба на целокупниот имот.

Поврзани вести

Ваучери за домашен туризам и во 2021 година

Влатко Зорба

Шахпаска: Продолжуваме посветено да работиме на новиот Закон за работни односи

Берта Китинска

Сугарески и Спасовски: Градежната офанзива е нашиот одговор на запуштената и руинирана инфраструткрура што ја наследивме

Влатко Зорба