СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Големи инвеститорски имиња ги преместуваат инвестициите во Биткоин

Биткоинот достигна рекордна вредност, откако го надмина нивото од 20.000 долари за прв пат во историјата, како резултат на растот на побарувачката кај институционалните инвеститори за оваа дигитална валута.

Највредната виртуелна валута во светот се тргуваше за околу 20.600 американски долари, што претставува раст на цената од 5,6 проценти, покажуваат податоците на пазарот на компанијата Coin Metrics, со што нејзиниот раст на вкупната вредност се зголемува од почетокот на годината на повеќе од 180 проценти, пренесе „CNBC“.

Аналитичарите велат дека последниот скок на цените поттикнаа големи инвеститори како Пол Тудор Џонс и Стенли Дракенмилер, кои ги „преместуваат“ своите средства во криптовалутата, а технолошките компании како „Сквер“ и „МикроСтратеџи“ исто така се насочија кон купување биткоин.

Најновата рекордна вредност на биткоинот ги потсети многу набудувачи на пазарот на огромниот раст од 2017 година, кога се приближи до цената од скоро 20.000 долари, проследено со стрмен пад следната година на ниво од приближно 3.000 американски долари.

Поврзани вести

„BioNTech“: Застојот на ЕУ во набавката на вакцините е изненадувачки

Влатко Зорба

Google ќе плати 76 милиони долари на француските медиуми за авторски права

Влатко Зорба

Жито Лукс ќе донира производи во Народната кујна во Шуто Оризари

msp-admin