Стандард
КОМПАНИИ

Големи инвеститорски имиња ги преместуваат инвестициите во Биткоин

Биткоинот достигна рекордна вредност, откако го надмина нивото од 20.000 долари за прв пат во историјата, како резултат на растот на побарувачката кај институционалните инвеститори за оваа дигитална валута.

Највредната виртуелна валута во светот се тргуваше за околу 20.600 американски долари, што претставува раст на цената од 5,6 проценти, покажуваат податоците на пазарот на компанијата Coin Metrics, со што нејзиниот раст на вкупната вредност се зголемува од почетокот на годината на повеќе од 180 проценти, пренесе „CNBC“.

Аналитичарите велат дека последниот скок на цените поттикнаа големи инвеститори како Пол Тудор Џонс и Стенли Дракенмилер, кои ги „преместуваат“ своите средства во криптовалутата, а технолошките компании како „Сквер“ и „МикроСтратеџи“ исто така се насочија кон купување биткоин.

Најновата рекордна вредност на биткоинот ги потсети многу набудувачи на пазарот на огромниот раст од 2017 година, кога се приближи до цената од скоро 20.000 долари, проследено со стрмен пад следната година на ниво од приближно 3.000 американски долари.

Поврзани вести

Нови американски санкции за „Северен тек 2“, европските компании го напуштаат проектот

Влатко Зорба

O2 и Vodafone договорија делење на спектарот по завршувањето на аукцијата на Ofcom

„Адидас“ со загуба од 333 милиони евра поради ковид-кризата

msp-admin