СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Google објави список со најчести пребарувања во текот на 2020 година

Што е заедничко за поимите „Animal Crossing“, „WAP“, „леб со квасец“, „Timothée Chalamet“ и „идеи за состанок за време на социјално дистанцирање“? – Ова беа најпопуларните пребарувања на Google во текот на 2020 година.

Google во средата ја објави својата годишна листа „Година во пребарување“, која ги содржи најпопуларните пребарувања оваа година и која доживеа голем скок во текот на 2020 година во споредба со 2019 година, пишува Си-Ен-Ен.

Додека корисниците на Интернет се обидоа да ја разберат лавината вести во 2020 година, глобалните прашања, вклучувајќи го и зборот „зошто“ – како „зошто НБА беше одложена?“ и “зошто е распродадена тоалетната хартија?” – беа пребарувани почесто од која било година претходно, беше речено од Google во видеото објавено со списокот.

Не е изненадувачки што „резултатите од изборите“ и „коронавирусот“ се на врвот на американската листа за пребарување, бидејќи луѓето бараа одговори за пандемијата и клучните избори.

Исто така, меѓу првите 10 на списокот беа и поимите:  Zoom, Naya Rivera, Chadwick Boseman и PlayStation 5.

Google ги објави и најпопуларните пребарувања по категории.

Категоријата „новости“ вклучува упатства за исплата на милиони Американци како дел од пакетот помош од Конгресот за коронавирусот, вреден 2,2 милијарди американски долари, усвоен во март; Иран, чиј генерал Касем Солејмани беше убиен во воздушен напад на САД на почетокот на јануари; и стршлен убиец, огромна бубачка забележана во државата Вашингтон на почетокот на оваа година.

Во категоријата вести се вклучени и двете најголеми природни непогоди во годината: Ураганот Лора, бура од категорија 4 што предизвика смрт и уништување во Луизијана и Тексас и пожари во Австралија, кои уништија големи делови на земјата и убија околу три милијарди животни.

На списокот има и заминувања на некои истакнати фигури: кошаркарската sвезда Коби Брајант, судијата на Врховниот суд Рут Бадер Гинсбург и познатиот гитарист Еди Ван Хален, како и Џорџ Флојд, чија смрт предизвика расно движење во целата земја.

И покрај сите проблеми во 2020 година, луѓето се обидоа да си помагаат едни на други на некои извонредни начини. Делот „како да се помогне“ на списокот покажува како корисниците на Интернет барале начини да им помогнат на движењето „Црните животи значат“, Јемен, Бејрут и оние кои се борат со напади на паника. Луѓето исто така истражувале како да донираат маски N95, крв и плазма за време на здравствена криза.

И, се разбира, списокот со најпопуларни пребарувања исто така вклучува и некои начини на кои се забавувавме оваа година. Популарните пребарувања вклучуваа „возење до кино близу мене“, „виртуелен EDC рејв“, „како да ја исечете машката коса дома“ и „како да направите средство за дезинфекција на рацете“.

Еве уште неколку работи што сè уште не се споменати, а исто така се појавија на списокот: американски напади на „ТикТок“, бебето на Елон Маск, лудило на берза, онлајн училиште, документарна серија „Последниот танц“ што ја бележи кариерата на Мајкл Џордан, „Паразит“, кој влезе во историјата како прв филм на англиски јазик што освоил Оскар за најдобар филм итн.

Поврзани вести

Луксузните брендови ги зголемија цените за да го надоместат изгубеното поради затворањето на продавниците

msp-admin

Huawei комерцијално го лансираше RuralStar Pro решението

Влатко Зорба

Британскиот извоз во ЕУ „потона“ за 68 отсто во јануари

Влатко Зорба