СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Горивата поскапуваат од половина до еден денар по литар

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат од половина до еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,28 отсто.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за еден денар по литар и ќе изнесува 68,5 денари. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за половина денар по литар и сега ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 70,5 денари, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 63, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 52 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,904 денари по килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 38,243 денари.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат
зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена и тоа кај бензинот во просек за околу 1,68 отсто и за околу 1,01 отсто кај дизелот, како и за 0,44 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

Поврзани вести

Lyft очекува да оствари профит една година порано од очекуваното

msp-admin

Фејсбук потрошил 23 милиони долари на Закерберг во 2019 година

msp-admin

Гејтс финансиски поддржа план за ограничување на сончевата светлина

Влатко Зорба