СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Икеа создава 3 пати повеќе работни места преку социјално претприемништво

Шведската компанија Икеа сака да го зголеми тројно бројот на работни места создадени меѓу ранливите заедници до 2025 година со проширување на бизнисот со социјално претприемништво.

Откако соработува со социјални претприемачи од 2012 година, гигантот за мебел обезбеди вработување за околу 30.000 луѓе, што влијаеше на скоро 150.000 членови на домаќинства. Компанијата сега сака да достигне 95.000 работни места за ранливите членови на општеството работејќи со постојни и нови партнери, објави Блумберг, повикувајќи се на информации од Икеа.

Иницијативата ги поддржува маргинализираните групи и жените во ранливите заедници помагајќи им да произведуваат производи како рачно ткаени навлаки за перници, корпи и килими. Икеа ги снабдува со достапни материјали, вклучувајќи памук и влакна од банана, и обезбедува експертиза, кои варираат од дизајн и производството до подобрување на услови за работа. Целта е да се промовира финансиската независност и можностите што можат да го променат животот на ранливите групи.

Рачно изработени производи, кои може да вклучуваат саксии за цвеќе и куќишта за алати, се продаваат во магацините на Икеа и преку Интернет. Партнери на Икеа се друштвото за социјално претприемништво „Rangsutra“ во Индија и „Jordan River“ фондацијата, која вработува жени бегалци. И двете организации произведуваат навлаки за перници.

„Јас сум многу горд на она што го постигнавме, но знам дека можеме многу повеќе. Правејќи го ова во големи размери, можеме да инспирираме и други трговци да го сторат истото“, рече Ваишали Мисра, кој ја предводи Иницијативата за социјално претприемништво на Икеа.

Поврзани вести

Пандемијата може да „збрише“ цела генерација стартапи

msp-admin

Google почнува да нуди банкарски услуги

msp-admin

Huawei ги чисти своите редови од американски шпиони

msp-admin