Стандард
КОМПАНИИ

„Maserati Neptune“: Електричен суперавтомобил на иднината? (ФОТО/ВИДЕО)

Елеганција, стил, спортски израз и изведба со долго и славно наследство – со овие зборови Maserati ја опишува својата традиција на иновации.

Maserati и тркачката ДНК од производителите на луксузни автомобили датираат од 1950-тите, од времето на Гран при. Носталгијата за тркачкиот автомобил Формула 1 250Ф и легендарните возачи Хуан Мануел Фанџо и Стирлинг Мос е она што го обликуваше италијанскиот бренд во текот на сите овие години. А, логото на Нептун, дизајнирано од Марио Масерати, на некој начин ја одреди супериорноста на марката во однос на другите играчи на луксузни автомобили.

Италијанскиот производител на автомобили минатата година го претстави супер автомобилот MЦ20, а за да ги зачини работите, дизајнерот Салваторе Андреа Пичирило, го претстави електричниот концепт на футуристичкиот автомобил „Гран Туризмо“, кој сака да го нарекува „Maserati Neptune“. Тој го дизајнираше овој концепт во соработка со „ФЦА Груп“ како дел од неговиот курс на „IED Transport Design“.

Масерати НептунМасерати НептунМасерати Нептун

Концептот ја позајмува својата позиција за возење од Формула 1 250Ф, а празниот простор под возачот, во средината на болидот, е нешто уникатно. „Maserati Neptune“ се движи со автомобилска платформа на Формула Е со батерија поставена кај предните тркала. Автомобилот има преден сплитер и голем дифузер одзади, што му дава „демонски карактер“. При дизајнирањето на концептот, Пичирило го зеде предвид компромисот помеѓу спортското, удобноста и елеганцијата.

Дебелите бандажи, компактната аеродинамична форма, лачните линии и таа необична шуплина на долната половина на автомобилот се толку футуристички што не би било ни чудо што автомобилот ќе се појави во следната генерација на филмот „Јас, робот“.

Неверојатниот концепт на Maserati постави високи стандарди на луксуз во прототипите модели на автомобили во иднина.

Поврзани вести

Германија се задолжува 650 милијарди евра

Влатко Зорба

ТРГОВСКА ВОЈНА: Кој сака Huawei да биде забранет за 5G во Германија

msp-admin

ИКЕА под истрага за шпионажа: Следени клиенти и вработени во Франција

Влатко Зорба