СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Јунајтед ерлајнс“ нарача 200 електрични авиони со вертикално полетување

„Јунајтед ерлајнс“ и „Стелантис“ инвестираа во стартапот „Арчер“, пишува „Арс Техника“.

Успехот на беспилотните електрични дронови во последните неколку децении натера некои луѓе да се запрашаат дали може да се користат слични техники на конструкција за да се создадат мали електрични беспилотни летала за транспорт на луѓе.

Електромоторите не само што се посигурни од конвенционалните, туку се и доволно лесни за да соберат неколку во еден авион, што дополнително добива на сигурност, пишува порталот.

Софистицираниот софтвер и можноста за употреба на повеќе мотори ја отворија вратата за нови типови на авиони со вертикално полетување лоцирани некаде помеѓу конвенционалните авиони и хеликоптери.

Иако не е можеби толку брзо како што се надеваа некои луѓе, индустријата напредува. Последен доказ за тоа е инвестицијата на „Јунајтед ерлајнс“ во „Арчер“, вредна милијарда долари, за 200 авиони со вертикално полетување.

„Арчер“, исто така, доби финансии од „Стелантис“, компанија формирана од неодамнешното спојување на „Фиат“ и „Пежо“.

„Стелантис“ ќе му помогне на „Арчер“ во производството на шасии за авиони од јаглеродни влакна.

Иако електричните авиони што работат на батерии имаат голем број на предности, нивниот опсег е ограничен. Првиот „Арчер“ треба да се појави во 2024 година, а се предвидува да има дострел од 100 километри со максимална брзина од 240 километри на час. Ова очигледно не е доволно за замена на комерцијалните летови, но нивната намена веројатно ќе биде поинаква.

Поврзани вести

Македонија во вториот квартал само со 2.738 авиопатници

msp-admin

Airbnb отпушта 25% од вработените

msp-admin

Европска земја ги замрзнува платите во јавниот сектор за наредните три години

msp-admin