СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Како да се МОТИВИРААТ вработените во време на криза?

Менаџерите мора да го прифатат фактот дека пазарот е простор на постојани и неизбежни промени. Ако ги оставиме настрана надворешните и непазарните причини за промена (политички, демографски, социолошки), главниот процес на промена се јавува на пазарот и во рамките на компанијата.

Затоа мотивацијата на луѓето за време на криза започнува додека времињата се добри, а деловните услови се поволни.

За време на тој период, односите на менаџерот со луѓето мора да бидат коректни, комуникацијата пристојна и разбирлива, а процедурите јасно дефинирани, затоа што кога кризата ќе „тропне на врата“, менаџерот кој нема „барем три решенија“ во ракав веќе изгубил драгоцено време за квалитетен одговор.

Конечно, мора да ја разбереме суштината на кризата. Ако е само финансиска, тогаш е решлива. Во периодот кога имате пари, одвојте нешто за времето кога тие пари нема да ги има и тука нема преголема мудрост кога станува збор за решението. Финансиската криза е решлива, обидете се само да не трошите повеќе отколку што имате.

Но, тешко е да се реши кризата на морал, етика, незаинтересираност за нови идеи, неинвентивност и лоши меѓучовечки односи. Нема компанија, без оглед колку е голема, што може да избегне банкрот ако причините за кризата се меѓу наведените причини.

Употребата на таленти и вештини е фактор што клучните вработени многу го ценат. Мотивиран работник сака да придонесе во области кои не се опфатени со специфичниот опис на работата.

Колку луѓе можат да дадат повеќе од она што моментално го даваат? Многу, затоа е потребно внимателно да размислите за нивните вештини, таленти и искуства.

Поврзани вести

„Амазон“ и „Гугл“ под истрага поради лажни оценки на производи

Stefanija Kuzmanovska

Продажбата на недвижнини во САД се искачи над очекувањата

Влатко Зорба

Зошто шефот на Twitter одлучи да живее во Африка?

msp-admin