СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Колку „Amazon“ им плаќа на работниците за да дадат отказ?

„Amazon“ има решение за работниците кои повеќе не сакаат да работат во таа компанија – им плаќа да си заминат, пренесува CNBC.

Еднаш годишно, „Amazon“ им нуди на вработените во дистрибутивните центри максимум 5000 долари за да ја напуштат компанијата.

Вработените имаат право на ова по една година работа во компанијата, но има и една „замка“: оние што ја прифаќаат понудата никогаш не можат да се вратат назад и да работат за „Amazon“.

„Ние сакаме во Амазон да работат оние што навистина го сакаат тоа“, рече портпаролката на „Amazon“, Мелани Ичиз, за ​​Си-Ен-Би-Си.

„На долг рок, да останете некаде каде што не сакате да бидете не е здраво за работникот или за самата компанија“, додаде таа.

Амазон нуди 2.000 долари на вработените кои минале една година во компанијата, а дополнителни илјада „зелени“ за секоја година служба, до максимум 5000 долари.

Оваа програма, наречена „Pay to Quit“, за прв пат е дизајнирана од продавницата за обувки Zappos, која „Amazon“ ја стекна во 2009 година. Zappos само ја прошири понудата на нови вработувања, во рамки на првите неколку недели од работата, а „бонусот за заминување“ поставен на илјада долари.

„Amazon“ тврди дека навистина не сака работниците да ја прифатат понудата. Всушност, насловот на меморандумот гласи „Те молам, не ја прифаќај оваа понуда“, според зборови основачот и извршен директор Џеф Безос.

Поврзани вести

НОВ РЕКОРД НА „ТЕСЛА“: Остварен профит од 438 милиони долари во првиот квартал

Влатко Зорба

Нафтените милијардери го зголемија своето богатство

Влатко Зорба

Црногорците инвестираат во нов вид извор на енергија

Влатко Зорба