СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Како во кризни времиња се „родија“ најуспешните стартапи

Промените во однесувањето на потрошувачите како резултат на пандемија може да им овозможат на претприемачите поголеми можности да обезбедат значајни услуги. Економијата беше погодена силно по рецесијата во 2008 година, но бран нови стартапи се појави токму од финансиската криза, пренесува „Бизнис инфо“.

Бидејќи пандемијата на коронавирус остави многу луѓе без работа, многумина очекуваат светот да се промени после неа, што може да значи повеќе можности за претприемачи кои имаат идеи за алатки и услуги што можат да им помогнат на луѓето да се прилагодат на новите трендови. Основачите на некои од најважните денешни компании го направија токму тоа помеѓу 2008 и 2010 година.

WhatsApp, 2009
Yahoo ветераните Јан Кум и Брајан Ектон во 2009 година ја крееираа апликацијата за размена на пораки WhatsApp за да овозможат брза комуникација на луѓето ширум светот.

Venmo, 2009
Пријателите од факултет Ендру Кортина и Икрам Магдон – Исмаил во 2009 година ја покренаа апликацијата за дигитално плаќање Venmo, за да им овозможат на своите врсници дигитална размена на готовина. Компанијата Braintree ја купи Venmo за 26 милиони долари во 2012 година, по што дигиталниот гигант PayPal го купи Braintree за 300 милиони долари во 2013 година.

Groupon, 2008
Претприемачот Ендру масон ја основа Groupon, интернет страница којашто промовира компании нудејќи им на потрошувачите понуди за нивните производи и услуги, среде рецесија во 2008 година. Компанијата има вредност од 726 милиони долари.

Instagram, 2010
Инженерите Кевин Систром и Мајк Кригер го создадоа Instagram во 2010 година како форма на социјален медиум фокусиран на слики и видеа. Апликацијата сега има повеќе од 400 вработени, а според податоците од официјалната веб страница, повеќе од 120 милиони корисници. Facebook ја купи апликацијата во 2012 година за милијарда долари.

Pinterest, 2010
Претприемачите Бен Силберман, Еван Шарп и Пол Скиара се собраа во 2010 година за да го создадат Pinterest, интернет страница којашто потсетува на дигитален споменар. Повеќе од 300 милиони луѓе ја користат платформата секој месец, а компанијата вреди 8,6 милијарди долари.

Uber, 2009
Бизнисмените Тревис Каланик и Герет Камп го основаа Uber во 2009 година, бидејќи не успеале да добијат такси за време на една студена ноќ во Париз. Гигантот, што нуди услуги за превоз на патници, оттогаш се прошири на најразлични платформи, вклучувајќи услуги за испорака на храна, изнајмување велосипеди и скутери. Uber се проценува на 47 милијарди долари.

Поврзани вести

БДИ: Германската економија годинава ќе порасне 3,5 проценти

Влатко Зорба

Димитријоски: 4Г зрачи повеќе од 5Г

msp-admin

Час работа во ЕУ-земјите од 6,5 до 45,8 евра во 2020 година

Влатко Зорба