СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Кој го купи Сава центар за 17,5 милиони евра?

Белградски Сава центар продаден е денеска на компанијата Делта Холдинг, чијшто сопственик е Мирослав Мишковиќ за 17,5 милиони евра.

Делта беше единствена компанија којашто достави понуда за Сава центар, а претставници на компанијата потпишаа изјава во Градската управа.

Предвидено е купувачот во адаптација и реконструирање на конгресниот комплекс кој се наоѓа на три хектари градежно земјиште, вложи најмалку 50 милиони евра во рок од пет години. Купувачот исто така има обврска да не ја менува намената на Сава центар.

Најголемиот конгресен, културен и деловен центар во Србија којшто е еден од најголемите во регионот е изграден во 1977 година. Со децении беше место за одржување на најголемите меѓународни конгресни собири, а во него гостуваа најголемите имиња на светската уметничка сцена.

Поврзани вести

„Фолксваген“ со загуба од 800 милиони евра во првата половина од годината

msp-admin

Историски момент за технолошките компании: Корисниците ја губат довербата и го вртат грбот на „најголемите“

Влатко Зорба

Маск создаде „убиец на Фејсбук“?

Влатко Зорба