СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

САД се подготвени да ги финансираат европските конкуренти на Huawei

Соединетите држави веќе ги повикаа своите сојузници да не користат опрема Huawei за мрежите од петта генерација (5G), а како причина ги истакнуваат проблемите со безбедноста. Но, различните влијанија досега не можат да ги убедат сојузниците да ја напуштат кинеската опрема на компанијата – делумно заради недостаток на сериозна алтернатива.

Според публикација на „Фајненшл тајмс“, САД сега бараат начини да ги финансираат европските конкуренти на Huawei, плашејќи се дека кинеската компанија ќе стане опасно доминантна во глобалната трка за 5G мрежите.

Се очекува средствата дадени на компании како што се Nokia и Ericsson да им овозможат да се натпреваруваат со најголемиот производител на телекомуникациска опрема во светот и да им понудат на потенцијални клиенти исти атрактивни услови како Huawei.

Изворот цитира висок владин претставник кој вели: „Ние се откажавме од нашата супериорност во производството на телекомуникациска опрема пред неколку децении и сега сфаќаме дека ова можеби не е најдобриот избор во однос на националната безбедност. Скоро секој оддел и агенција очајно бараат начини да се вратат во играта“.

„Ако не го сториме тоа, Huawei наскоро ќе стане единствената опција за оние кои сакаат да распоредат 5G мрежи“, додал изворотод американската администрација.

Во моментов нема компанија во САД што развива и произведува 5G мрежна опрема. Обидите за привлекување во оваа насока на компании како што се Oracle и Cisco пропаднаа, откако тие ја отфрлиле понудата, објаснувајќи дека имплементацијата ќе биде прескапа и предолга.

Според Dell’Oro, Huawei продава 28% од светската телекомуникациска опрема. Европските компании Nokia и Ericsson се нејзините најблиски конкуренти.

Поврзани вести

Амстердам го надмина Лондон по прометот на берзите

Влатко Зорба

Јавен долг од над 12.000 милијарди долари: Која земја е најзадолжена во светот?

Влатко Зорба

Бизнисот во Германија: „Локдаунот“ на земјата ќе донесе бран од банкроти

Влатко Зорба