СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

По 230 Балканци секој ден заминуваат во Германија на работа

Во Германија во текот на минатата година се издадени 85.434 дозволи за престој за жители од западен Балкан. Кога таа цифра ќе се подели со 365 дена, српски Блиц анализира дека секојдневно во најсилната европска економија заминуваат повеќе од 230 Балканци.

Податоците покажуваат дека минатата година околу 22.000 Срби ја добиле првата дозвола за престој во Германија. Од Македонија и Албанија со таков вид на дозвола заминале околу 12.000 луѓе, додека од Босна и Херцеговина оолу 15.000.

Балканците во Германија најчесто работат во мали фирми што се занимаваат со угостителство, производство, но ги има и во метална индустрија, градежништво, земјоделие, здравство… За поголемиот дел од овие работни места не е неопходно познавање на германскиот јазк, но сепак е пожелно, особено за оние кои работат во здравствени институции.

Како што пишува српски Блиц, најголеми плати до 4.000 евра заработуваат професионални возачи. Одржувањето на домовите се плаќа по 30 евра на саат, работници на обезбедување објекти заработуваат и до 1.800 евра месечно, исто колку и негуватели на стаи лица, додека медицинските сестри заработуваат и околу 2.300 евра секој месец.

Поврзани вести

Донација на OKTA од 50.000 евра за Министерството за здравство

msp-admin

Alphabet со рекордни приходи и профит за четвртиот квартал на 2020 година

Влатко Зорба

„Finance Think“: Законот за буџети да се доработи

msp-admin