СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Кој на УЈП ѝ должи 8,9 милијарди денари?

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави третата Листа на должници за оваа година, според која вкупниот нето долг е 8,9 милијарди денари.

На Листата на должници бр.03/2020 објавени се 1.765 должници, правни лица (помалку за 306 од претходната листа) и 2.321 физички лица (помалку за 208 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.03/2020 изнесува 8.976.624.312 денари, помалку за 1.218.924.448 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.791.372.146 денари (помалку за 1.218.924.448 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 185.252.166 денари (без промени од претходната листа).

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.03/2020 за долгови доспеани до 30.11.2019 и неплатени до 29.02.2020 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е: повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и повисок од 300.000 денари за правните лица.

Поврзани вести

Кои се најголемите профитери од пандемијата?

msp-admin

Германските компании предвидуваат ограничување на работењето до септември

Влатко Зорба

Сиромаштијата расте, децата ги напуштаат училиштата

Влатко Зорба