Стандард
КОМПАНИИ

Банка која доминира на пазарот на злато годинава

Банката „Ј.П. Морган“ имала рекордни приходи од трговијата со скапоцени метали во 2020 година, околу милијарда долари и далеку ги надминал ривалите, дознава „Ројтерс“.

Една банка доминира на пазарот на злато

Банката „Ј.П. Морган“ оваа година оствари рекордни приходи од трговијата со скапоцени метали, околу една милијарда долари и далеку ги надмина своите ривали.

Банката се занимава, меѓу другото, со трговија, складирање и финансирање на благородни метали, а коронавирусот создаде одлична можност за инвестициски банки кои се занимаваат со злато, сребро и други благородни метали, бидејќи ги охрабруваше инвеститорите да купуваат и ги поремети приливите на пазарот.

На овој пазар доминира „Ј.П. Морган“, пишува „Ројтерс“.

До средината на ноември, приходот на таа американска банка ќе изнесува најмалку половина од 1,7-2 милијарди долари што консултантската компанија „Мекинзи“ проценува дека вкупно 10-те најголеми инвестициски банки годинава заработиле од благородни метали, претежно од злато.

Извори на „Ројтерс“ запознаени со состојбата на пазарот велат дека до крајот на годината таа банка може да има приходи од дури 1,5 милијарди долари и да ја загрози „Голдман Сакс“ како најголема банка според приходите.

„Ј.П. Морган“ е најголемата банка во САД и една од најголемите во светот.

 

Поврзани вести

Занаетчии ќе добијат 20 милиони денари за набавка на алати и репроматеријали

msp-admin

Безос се повлекува од функцијата извршен директор на „Амазон“

Влатко Зорба

„Тесла“ најави поевтини батерии, инвеститорите не се воодушевени

msp-admin