СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Кој „произведува“ најмногу нефункционални кредити?

Учеството на сомнителните и на спорните побарувања во вкупните кредити во октомври изнесуваше 3,4% и е речиси на нивото од претходниот месец (3,3% во септември). Гледано од аспект на секторската структура и натаму најголемиот дел од вкупниот износ на нефункционални кредити произлегува од секторот “претпријатија“, додека учеството на нефункционалните кредити на секторот “домаќинства“ е значително помало, покажуваат податоците на Народна банка.

Во октомври, вкупните кредити забележаа месечен раст од 0,3%, малку поумерен во споредба со растот во претходниот месец. Од секторски аспект, зголемувањето на вкупните кредити во целост е резултат на растот на кредитите на домаќинствата, при мал пад на кредитите на претпријатијата. Од валутен аспект, месечниот раст на вкупните кредити е резултат на денарските кредити, при мал пад на девизните кредити. Вкупните кредити во октомври остварија месечен раст, при проектирано зголемување на кредитите во четвртиот квартал на годината, согласно со октомвриската проекција.

Годишната стапка на раст на вкупните кредити во октомври изнесува 6,7%, при проектиран годишен раст од 5,3% за четвртиот квартал на 2020 година, согласно со октомвриската проекција. Од секторски аспект, растот и понатаму во поголем дел е резултат на кредитите на домаќинствата, при позитивен придонес и од кредитите на претпријатијата. Во однос на валутната структура, поголем придонес во годишниот кредитен раст имаат кредитите во домашна валута, при позитивен придонес и на кредитите во странска валута (вклучително и денарските кредити со валутна клаузула).

Поврзани вести

Голем успех и пет златни медали за Винарија Камник од германскиот Мундус Вини

msp-admin

Жените во ИТ секторот ја обвинуваат пандемијата за побавно напредување во кариерата

Влатко Зорба

Форд тестира „паметни алки“ за контрола на растојанието меѓу работниците