СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Која е директорката на Tik Tok што му се спротивстави на Трамп?

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела изјави дека планира да го забрани Tik Tok во САД. Но, американската генерална директорка на оваа социјална мрежа, Ванеса Папас им порача на корисниците дека Tik Tok нема да ги напушти САД и дека апликацијата е безбедна за корисниците.

“Не планираме да одиме никаде. Tik Tok е ‘дом’ за креатори и артисти кои сакат да се искажат себеси, нивните идеи и да се поврзат со луѓе од најразлични средини. Ние сме особено горди што луѓе од различни средини ги поврзува Tik Tok“, изјави Папас.

Таа е генерална директорка на Tik Tok, која е надлежна за следење на содржини, маркетинг активности и развој на производи. Пред да застане на едно од клучните места во Tik Tok, Папас работеше во YouTube осум години, каде што беше фокусирана на развој на стратегија за градење публика, создавање лојалност за креативните луѓе и нивните содржини. Пред искуството во YouTube, Папас работела во компанијата New Networks каде била задолжена за раст на гледаноста на компанијата на над две милијарди прегледи. Во март 2011 година, YouTube ја купи оваа компанија.

Инаку, Tik Tok е платформа создадена во Пекинг, на којашто се објавуваат кратки видеа што се споделуваат. Апликацијата, како што пишува Ројтерс, достигна голем успех особено помеѓу младите, но во исто време ја зголеми загриженоста за безбедност на корисниците во САД.

Сенатот на Комисијата за внатрешна безбедност и владини прашања на САД веќе расправаше за забраната за употреба на оваа апликација. Претставничкиот дом на Конгресот веќе гласаше за оваа мерка.

Апликацијата Тik Tok се проценува на 50 милијарди американски долари.

Поврзани вести

Три компании имаат шанса да го повторат успехот на „Tesla“ во 2021 година

Влатко Зорба

Ќе ги претвори ли Apple автомобилите во „софтвер на тркала“?

Влатко Зорба

Вредноста на Apple надмина двa трилиони долари

msp-admin