СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Колкави се просечните цени на недвижностите во Грција?

Киклади, Лефкада, Кефалонија и Атина во моментов се рангирани меѓу најскапите пазари на недвижнини во Грција, според меѓународната компанија за недвижнини „Астонс“, специјализирана за недвижнини и добивање државјанства преку инвестиции.

Неодамнешното истражување на компанијата меѓу британските инвеститори со средства над 1 милион фунти (1,17 милиони евра) покажа дека Грција е претпочитана дестинација за инвестиции во недвижнини во странство.

Земјата нуди далеку подобра клима од Велика Британија, а државјанството може да се обезбеди со инвестиција од 252.328 евра за само два месеци. Покрај тоа, тоа би можело да го донесе посакуваното патување без визи за некои Британци во другите 26 земји на ЕУ.

Минатата година цените на недвижностите во Грција пораснаа за 2,7%, откако просечната цена од 127.596 евра се зголеми на 131.040 евра. Меѓутоа, ако ги погледнеме податоците за малопродажниот простор, тие растат најбрзо во Кукуш (20%), Кардица (17,4%), Превеза (13,6%), Драма (13%), Кожани (12,2%) и други.

Но, назад кон пазарот на домување. „Астонс“ посочува дека нивните богати клиенти го посочуваат семејниот живот како најважна работа за нив, како и квалитетот на дестинацијата во која ќе купат имот кога ќе инвестираат.

Затоа можеби најпосакуваната дестинација се Кикладите, каде просечната цена во моментов е 222.348 евра. Ова не е само 85% пониско од престижните лондонски Кенсингтон и Челси, туку и вредноста на недвижниот имот таму е зголемена за 5,9% во споредба со 3,5% раст за Лондон како целина во 2020 година.

Пазарот на недвижнини во Лефкада е, исто така, добро место за инвестирање во 2020 година, со раст од 8,7% на годишно ниво. Просечните цени се 164.976 евра, што ги прави имотите поскапи дури и од Атина.

Пазарот на недвижнини во Кефалонија опадна за 1,4%, но сепак – со просечна цена од 162.036 евра, тој е рангиран пред Атина (157.416 евра), како и Арго-Саронските Острови (147.168 евра), кои ги сочинуваат петте најскапи дестинации за недвижнини кај нашиот јужен сосед.

Можете да купите поевтини имоти во Ханија – вториот по големина град на островот Крит (141 илјади евра), Крф (138 илјади евра), Халкидики (136 илјади евра), Ласити (134 илјади евра), Занте и Северни Споради (132) илјади евра) и други.

Просечните цени на имотот во Пиреја и Солун се 111, односно 95 илјади евра. Домувањето во Кавала чини во просек 95.000 евра, додека во Лариса и Ксанти тие се дури и поевтини – 75.000 и 73.000 евра.

Во однос на малиот град Лерин, лоциран близу Северна Македонија – цената е 43.000 евра.

Поврзани вести

Словенечкиот план за закрепнување и отпорност пристигна во Брисел

И луксузната роба „ЖРТВА“ на пандемијата, некои БРЕНДОВИ ќе исчезнат

msp-admin

Јутјуб брише снимки во кои се тврди наводна изборна кражба во САД

msp-admin