СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Кина и наметна на „Алибаба“ да продаде дел од сопствените медиумски средства

Кинеските власти инаредија на мултинационалната технолошка компанија „Алибаба“ да продаде дел од своите медиумски средства затоа што се загрижени дека компанијата има големо влијание врз јавното мислење во земјата, пренесува „Волстрит журнал“.

Загриженоста на властите го достигнаа својот врв кога „Алибаба“ објави дека ќе го откупи „Саут Чајна Морнинг Пост“, весник на англиски јазик со 118-годишна традиција. Иако критичарите го доведоа во прашање уделот на „Алибаба“ во весникот, сопственикот на компанијата, Џек Ма, вети дека ќе ја зачува независноста на азискиот весник.

Според TechCrunch, „Алибаба“ веќе поседува значителни медиуми во континентална Кина, па нивната партнерска компанија „Ант Груп“ е сопственик на технолошкиот портал 36Kr, а државната компанија „Шангаи Медиа Груп“ има стратешки договор со „Алибаба“.

Кинеската мултинационална технолошка компанија, исто така, се свртува кон нови медиуми со значителен удел во кинеската верзија на Твитер, Вибу и страницата за објавување видео Билибили. Алибаба често се фокусира на потенцијалот на дигитална соработка со медиумски компании. Пример е нивното ветување дека ќе им помогне на „Шангај Медиа Груп“ со своите компјутерски експерти и искуство со облак за развој на платформа за финансиски податоци.

Поврзани вести

Битиќи: ФИТР покажа како треба и како се поддржуваат луѓето кои имаат добри идеи

msp-admin

Orange ги промовира позитивните страни на 5G со нова рекламна кампања

Влатко Зорба

За Мелинда 73 милијарди долари? Според законот на државата Вашингтон, Гејтс го делат имотот на половина