СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Колку струја троши Македонија?

Во јуни оваа година, земјава потрошила 481.882 гигават час електрична енергија, покажуваат податоците на Eurostat.

Еден месец претходно, вкупната потрошувачка на струја е 460.671 гигават час, додека пред избивање на пандемијата, на пример, во јануари и февруари беше околу 686.663, односно 601.663 гигават час.

Податоците за јуни покажуваат намалена потрошувачка на електрична енергија во најголемиот дел од земјите членки на Европската унија. Вкупната потрошувачка на струја во јуни оваа година беше 7,6% пониска од најниската потрошувачка во јуни во период меѓу 2016 и 2019 година.

Земји во коишто потрошувачката на струја е намалена за повеќе од 10% се: Грција, Шпанија, Хрватска, Кипар, Полска и Словенија. Меѓу 5 и 10% намалување на потрошувачката на струја е забележано во: Данска, Германија, Италија, Луксембург, Австрија, Португалија и Финска. Во земји како што се: Белгија, Бугарија, Чешка, Франција, Унгарија, Холандија, Романија и Словачка имаат пад на потрошувачката на струја за еден до 5%.

Поврзани вести

Кина го зголеми својот извоз за 60% во првите два месеци од годинава

Влатко Зорба

Sony не може да ја покрие побарувачката на нејзините сензори за камера

msp-admin

Ангеловска: Со купување домашни производи даваме поддршка на домашната економија и зачувуваме работни места

msp-admin