СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Компании со „бланко чек“ стануваат сè попопуларни – една е основана од европски милијардер

Французинот Бернард Арно, претседател на групата луксузни производи LVMH, е последниот милијардер кој прифати нов, популарен начин на собирање пари на Волстрит.

Инвестициската холдинг компанија „Financière Agache“ на Арно, ги здружува силите со францускиот менаџер на средства „Tikehau Capital“ и двајца познати европски банкари за лансирање на компанија за специјална намена (SPAC), која ќе бара работа во европскиот сектор за финансиски услуги.

„Tikehau Capital“ соопшти дека потенцијалните цели вклучуваат платформи за управување со средства, финтек компании, осигурителни услуги и разни компании за финансиски услуги. Фокусот ќе биде ставен на „размерливите платформи кои нудат силен потенцијал за раст на профитот“, соопшти компанијата, истакнувајќи дека ова ќе биде првиот од неколкуте SPAC што планира да ги лансира.

Жан-Пјер Мустие, поранешен извршен директор на италијанската банка УниКредит и Диего де Џорџи, поранешен шеф на глобалното банкарство за инвестиции во Bank of America Merrill Lynch, ќе бидат оперативни партнери на компанијата, прецизира „Tikehau Capital“.

SPAC или компании со „бланко чек“ собираат капитал преку првични јавни понуди (ИПО) за купување постојни деловни активности. Тие порано беа маргинален дел од пазарот, но нивната популарност експлодираше во претходниот период. Минатата година 229 SPAC во Соединетите држави собрале 76 милијарди долари, за разлика од само 13 милијарди долари во 2019 година, според „Goldman Sachs“.

Си-Ен-Ен пишува дека преку нови пријави оваа година, тоа укажува дека темпото не се забавува.

Поврзани вести

Најголемата фабрика за автомобили во светот запира со работа поради недостаток на чипови

Влатко Зорба

Електричниот седан BMW i4 е зачудувачки (ВИДЕО)

msp-admin

Добивката на саудиски „Арамко“ се преполови во годината на пандемијата

Влатко Зорба