СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Коронавирусот за еден ден им „стопи“ скоро 38 милијарди долари на богаташите

Десетте најбогати луѓе во светот, поради силниот пад на светските берзи предизвикан од стравот од корона вирусот, за еден ден загубија 37,7 милијарди долари, пишува магазинот Forbes, цитиран од Бизнис Инфо.

Најпогоден од „Црниот понеделник“ е претседателот на луксузната групација LVMH, Бернард Арно. Тој загуби 6% од своето богатство или шест милијарди долари. Сега на сметката на Арно има “само“ 92,6 милијарди долари, додека на крајот на минатата недела располагаше со 98,6 милијарди долари.

Најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, за само еден загуби 5,6 милијарди долари, а неговата вкупна загуба уште од минатата недела достигна 14,1 милијарди долари. Акциите на неговиот Amazon забележаа пад од 5%.

И основачот на Microsoft, Бил Гејтс го почувствува силниот потрес, губејќи 3,8 милијарди долари поради пад на вредноста на акциите на неговата компанија.

Првиот човек на Berkshire Hathaway, Ворен Бафет загуби 5,4 милијарди долари. Сопственикот на Zara, шпанскиот милијардер Амансио Ортега има богатство помало за 2,8 милијарди долари.

Овој понеделник беше „црн“ и за: Марк Закерберг (Facebook) – 4,2 милијарди долари, Лер Елисон (Oracle) – 1,8 милијарди долари, Карлос Слим (Grupo Carso Mexico) – 4,8 милијарди долари и Лари Пејџ (Google) – 3,3 милијарди долари.

Од оваа 10-ка, „недопрен“ остана само Мајк Блумберг.

Поврзани вести

Руски милијардер постави АПСОЛУТЕН РЕКОРД: Заработил 6,4 милијарди долари за само 2 месеци

Влатко Зорба

Над 187.000 граѓани потрошиле 10.7 милиони евра со домашните платежни картички

msp-admin

Постојат ли ризици од честите плаќања со картички?

Влатко Зорба