СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Ковачевски: Енергетската трансформација на РЕК „Битола“ не може да се направи преку ноќ

Директорот на „Електрани на Сверена Македонија“ (ЕСМ), Васко Ковачевски, денеска изјави дека енергетската трансформација или транзиција на РЕК „Битола“ не може да се направи преку ноќ, бидејќи тоа е нашиот најголем производител на енергија, кој произведува 75 проценти од енергијатаво државата.

– Ние планираме блоковите да се затвораат еден по еден во текот на наредните години. Во првите пет години ќе биде затворен блокот 1 којшто не е модернизиран и најмалку во него се инвестира. Меѓутоа, блокот 2 и блокот 3 мора да работат во наредните 10 години. Токму затоа ние во нив во последните две – три години и претходно инвестиравме во модернизација, инвестиравме во ремонти и ја направивме тие два блока да бидат за едно сигурно и стабилно производство на електрична енергија, изјави Ковачевски.

Според него, во наредниот период ќе треба да бидат применети еколошките мерки во РЕК „Битола“ на блоковите 2 и 3.

– Исто така да потенцирам, а тоа го укажува и Европската енергетска заедница, нашата земја е лидер во овој дел од Европа за правење на тие енергетски транзиции или трансформации. Прв таков проект е затворањето на РЕК „Осломеј“ и преминување од производство на јаглен во производство на енергија од сонце. Тоа ќе го правиме понатаму во Битола со отворање на нова гасна централа, која за почеток ќе биде со јачина до 250 мегавати и која што ќе го замени производството на блок 1 во РЕК „Битола“, истакна Ковачевски.

Тој нагласи дека ЕСМ ќе продолжуваме и со инвестиции на фотоволтаици во кругот на РЕК „Битола“, во кругот на хидроелектраните, посебно на Тиквеш каде што имаме можност за дополнителни инвестирања на 100 мегавати во фотоволтаци, како и во ветерните паркови.

– Во овој период треба да го завршиме ветерниот парк во Богданци, којшто е со јачина од 36 мегавати. Имаме дополнителна инвестиција од 14 мегавати во Богданци, а ќе го завршиме проектот на 50 мегавати ветерен парк во Миравци и следната фаза е новиот ветерен парк од 50 мегавати во Миравци. Така што, генерално со инвестициите во обновливите извори на енергија, во фотоволтаиците, во хидроелектраните коишто ги правиме, ревитализација и нови проекти, во ветерните паркови и гасификацијата која што е надежност за производство на енергија, сметаме дека ќе го покриеме и ќе го задоволиме производството на енергија и конечно да ставиме крај на производство на енергија од нееколошки горива, истакна Ковачевски.

Поврзани вести

Црна Гора увезла вода вредна 54 милиони евра за 6 години

Влатко Зорба

Тесла веќе заработи повеќе од биткоин отколку од електрични возила

Влатко Зорба

Лагард: ЕЦБ ја зголеми прогнозата за економски раст и инфлација

Влатко Зорба