СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Богатството на милијардерите е намалено на глобално ниво за 388 милијарди долари

Најбогатите луѓе на светот „осиромашија“ лани поради геополитичките превирања и нестабилни пазари за првпат во изминатите 10 години, според истражувањето на швајцарската банка УБС и консултантската фирма ПВЦ.

Богатството на милијардерите минатата година е намалено на глобално ниво за 388 милијарди долари на 8,53 билиони долари, се вели во извештајот објавен денеска.

Особено голем пад е забележан во Кина, втор по големина дом на милијардери зад САД, како и во поширокиот Азиско-пацифички регион.

Приватните банки, вклучително и УБС, која е една од водечките светски компании за управување со богатството, ги почувствуваа ефектите од американските и кинеските трговски тензии и глобалната политичка неизвесност со откажување од тргување и преземање на долг минатата година во корист на готовина.

„Богатството на милијардерите е намалено за првпат од 2008 година поради геополитиката“, рече началникот на канцеларијата на УБС за ултра богати клиенти, Јозеф Штадлер.

Нето вредноста на најбогатите Кинези е намалено за 12,8 проценти во доларски износ во услови на пад на цените на акциите и ослабување на домашната валута, покажа истражувањето.

– И покрај падот, Кина продолжува да „произведува“ еден нов милијардер на секои два или два и пол дена, рече Штадлер.

Бројот на милијардери е намален во сите делови од светот освен во САД. – Овој извештај ја илустрира отпорноста на американската економија, каде во крајот на 2018 година имало 749 милијардери, изјави Џон Метјуз шеф на УБС за управување со приватни богатства на најбогати клиенти во САД.

Поврзани вести

Џони Ајв веќе не е дел од Apple

msp-admin

Еуросупер БС-95 поскапува за денар

msp-admin

Прв комерцијален лет на Боинг 737 МАКС во последните 20 месеци

msp-admin