СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Квалитетното образование како почетна точка за успешна професионална кариера

Патот кон успешна кариера е секако преку квалитетното образование, а изборот на факултет е клучен и најважен избор кој понатаму ќе помогне во остварување на целите, оформување на когнитивната моќ и способност за секојдневните предизвици. Доколку се стремите кон врвна професионална кариера, тогаш Меѓународниот Балкански Универзитет е вистинската почетна точка.

МБУ, според Шангајската листа, е најдобриот факултет во Северна Македонија во областа на наставата и учењето, единствен факултет кој нуди 100% настава на англиски јазик и кој има над 30 програми за додипломски, магирстерски и докторски програми.

Од оваа година, за првпат МБУ воведе доделување стипендии според постигнатиот успех во средното образование. Според оваа нова програма, средношколците, во зависност од нивниот успех, имаат можност да се здобијат со стипендија од 50 до 100% за секој семестар.

Целосна стипендија, според новата програма на МБУ, е предвидена за оние ученици кои се прогласени за најдобри во генерацијата, што се докажува со потврда извадена од средното училиште, а идните студенти ќе бидат целосно ослободени од школарина. Стипендија од 80% ќе важи за оние ученици со среден успех 5.00, а нивната школарина ќе изнесува 200 евра по семестар. Учениците со среден успех од 4.50 до 4.99 добиваат стипендија од 70%, односно ќе плаќаат школарина од 300 евра. Стипендија во вредност од 60%, односно школарина од 400 евра по семестар, добиваат учениците со среден успех помеѓу 4.00 и 4.49 и 50% стипендија, односно школарина од 500 евра од семестар, може да добијат учениците со среден успех од 3.00 до 3.99.

Седумте области кои МБУ ги нуди на додипломците се: Факултет за инженерство, Факултет за економски и административни науки, Факултет за хуманистички и општествени науки, Факултет за образовни науки, Правен факултет, Факултет за уметност и дизајн и Факултет за комуникации.
Меѓународниот Балкански Универзитет на своите идни студенти им нуди кампус од светски ранг, одличен академски кадар и модерен, квалитетен, студентски-фокусиран и кариерно-ориентиран образовен систем.

Студентите на МБУ имаат можност да ја користат програмата Еразмус+ и да добијат целосна мобилност во еден од 200-те универзитети во повеќе од 40 земји во светот со кои МБУ соработува. Веднаш по завршување на студиите, МБУ на своите студенти им гарантира започнување кариера во еден од многуте бизнис заедници со кои има одлична соработка и однос.

Дури 90% од студентите кои ги завршиле своите студии на МБУ се вработени и веќе градат успешна кариера.

Земете ја академската иднина во свои раце и аплицирајте денес.

Поврзани вести

Тојота развива нов мотор на водород

Влатко Зорба

Бајден против Северен тек 2: „Гасоводот е лоша работа за Европа“

Влатко Зорба

Планот на Германија вреден 2 милијарди евра за ослабување на Huawei (и Nokia и Ericsson)

Влатко Зорба