СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Легендарниот Renault Sport оддел е официјално затворен

Renault Sport е мртов, да живее неговата замена Alpine со електрични модели. Француската компанија го гаси култниот Renault Sport, а сите спортски модели ќе бидат означени како Alpine наместо RS.

Францускиот производител на автомобили објави дека дивизијата Renault Sport е преименувана во Alpine Cars, како дел од новите стратешки планови на групацијата Renault, кои за првпат беа објавени во јануари, пишува „Авто клуб“.

Alpine на тој начин ќе ги преземе сите идни спортски модели под покровителство, но планот секако е овој бренд да стане електричен.

„Како дел од реорганизацијата на групацијата Renault по брендови, Alpine ќе биде врвен спортски бренд со иновации и технологија во првите редови. Со својата експертиза и искуство во развојот на спортски автомобили, Alpine е главната карта во остварувањето на нашите цели“, изјави Лоран Роси, извршен директор на Alpine.

Овој потег значи дека сите идни модели со високи перформанси ќе ја добијат Alpine значката наместо ознаката „RS“ што ја носат некои од најбрзите автомобили на Renault: Twingo, Clio и Megane во последните 20 години. Се покажа дека истите луѓе кои стојат зад знакот Renault Sport ќе бидат одговорни за идните Alpine модели и тоа е добра вест за љубителите на француските спортски модели.

Alpine треба да стане 100% електричен бренд, а веќе е најавена и соработка со Lotus за нов спортски модел, додека се планира и презентација на спортска верзија на Renault 5 на батерии, како и спортски кросовер модел.

„Станувајќи Alpine, нашите експерти започнуваат нова динамика, богата со проекти што се реализираат со поддршка на Alpine Racing екипите и сите компании на групацијата Renault.

„Ова е исклучително возбудливо време за нашите инженери“, додаде Роберт Бонет, директор за инженерство на производи во Alpine.

Поврзани вести

Година на Маск: Заработи повеќе од Безос, а побогат е од Цукерберг

msp-admin

„Амазон“ купува „мртви“ трговски центри – во што ќе ги претвори?

Влатко Зорба

Анкета: 70 отсто од граѓаните сметаат дека е потребно отворање на економијата за враќање на работните процеси

msp-admin