15.8 C
Скопје
13 септември, 2026
СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Lufthansa ќе помогне основањето на ToMontenegro

Германската Lufthansa, една од водечките светски авиокомпании, е избрана на меѓународен натпревар за да биде консултант на новата црногорска национална авиокомпанија „ToMontenegro“.

Стручниот тим на Lufthansa ќе започне соработка со раководството на ToMontenegro веќе во понеделник со цел јасно да ги дефинира стратегијата и структурата на новата авиокомпанија.

„Тенденцијата на раководството е да гради авиокомпанија според најсовремените принципи на пазарот, што ги потенцира безбедноста, сигурноста и квалитетната услуга кон нашите идни патници како главни приоритети. Голем број глобални компании како што се Lufthansa, Boeing и PWC се пријавија на меѓународниот натпревар, од кој беше избрана Lufthansa заради нивните референци и искуство во работа со десетици глобални авиокомпании со слични барања и предизвици“, соопштија ToMontenegro.

Соработката помеѓу Lufthansa и ToMontenegro, која, како што велат, ќе ја дефинира стратегијата и структурата на компанијата, е основа за создавање ефикасна и сигурна национална авиокомпанија што ќе постигне најдобри деловни резултати со максимална заштеда на трошоците.

Поврзани вести

Orange ги промовира позитивните страни на 5G со нова рекламна кампања

Влатко Зорба

Русија и Кина профитираа од блокадата на Суецкиот канал

Влатко Зорба

Тим Кук: Ние секогаш се стремиме кон најниски можни цени

msp-admin