СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Луѓето од овие три земји најмногу се збогатиле во 2020 година

Годината 2020 е тешка во многу аспекти – и за здравствениот систем и за економијата, како и на политичкиот план. И покрај тоа, богатството на возрасните во три земји во светот се зголеми за околу 10% во последните месеци.

Станува збор за Филипините, Египет и Бангладеш, кои имаат најголем пораст на богатството по глава на жител во 2020 година. Тоа се нагласува во анализа на Credit Suisse.

Четвртото место по нив е за Холандија, а Кина е на петтото место на растот на финансиската состојба.

“Кина е една од победниците во однос на придонесот кон човечкото богатство и очекуваме да продолжи и во иднина“, нагласуваат од финансиската институција.

Од јануари досега, просечното ниво на човечко богатство во азиската земја е 74.621 долари, што претставува раст од 5, % од почетокот на годината.

Како целина, швајцарската банка проценува дека до 2020 година вкупното богатство на светот се проценува на околу 400 трилиони долари. Според податоците на UBS објавени неодамна, нето-состојбата на милијардери во светот помина 10 трилиони долари за првпат во историјата.

На глобално ниво, Јужна Америка забележа најголем пад на богатството на своето население. Во Бразил, финансиската состојба на полнолетен е помала за 25%.

По Бразил следуваат Јужна Африка и Мексико.

Поврзани вести

Банкротираше познат ланец на ресторани за брза храна

msp-admin

Миневски: Малите семејни винарии се најдоброто решение за пласманот на грозјето (ВИДЕО)

msp-admin

Апајдин: Во изградбата на Diamond, над 80% од работната сила е од локалното население

msp-admin