СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Македонија лани извезла производи во вредност од 7,2 милијарди долари

Во текот на минатата година од земјава се извезени производи во вредност од 7,2 милијарди долари, што е за 4% повеќе во однос на 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports за Македонија.

Податоците покажуваат дека од 83,5% од производите извезени од земјава, дури 48,7% завршуваат во Германија. Потоа следуваат: Србија (8,5%), Бугарија (4,9%), Белгија (3,3%), Италија (2,7%), Грција (2,7%), Унгарија (2,6%), Романија (2,4%), Кина (2,3%), Велика Британија (2,2%), Холандија (1,6%) и Шпанија (1,5%).

Анализирајќи го извозот на земјава по континенти, 93,8% од извозот на Македонија заврши во другите земји од Европа, а 4,5% отпаѓа на увозници од Азија. Многу е помал процентот на извоз на другите континенти: Африка (0,4%), Латинска Америка (0,1%) и Австралија исто толку.

Според видот на производи што најмногу се извезувале од Македонија, удел од 21% имаат хемиските производи на чија продажба на странски пазари се инкасирани 1,5 милијарди долари.

Потоа следуваат: машини и опрема (1,1 милијарда долари), машини, вклучувајќи и компјутери (899,9 милиони долари), железо и челик (552,2 милиони долари), облека (377,9 милиони долари), возила (356,4 милиони долари), мебел, постелнина, осветлување… (314,3 милиони долари), производи од железо и челик (194,7 милиони долари), тутун и тутунски производи (160,8 милиони долари).

Поврзани вести

Сите предности на полисата за животно осигурување

Влатко Зорба

Поради нападите од ЕУ, „АстраЗенека“ ги качува цените на вакцините?

Влатко Зорба

Како Елон Маск открива дали кандидатите за работа лажат?

Влатко Зорба