СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Македонија на трето место во регионов по стапка на проблематични кредити

Од 10 земји во регионот, Словенија има најниска стапка на проблематични од вкупните кредити од 3,4% во 2019 година, покажуваат податоците на Европската банкарска координација – Виенска иницијатива.

Веднаш зад Словенија се најдоа: Србија (4,1%), Романија (4,6%) и Македонија (4,6%). Од друга страна, највисока стапка на проблематични кредити лани имаа: Албанија (8,4%), Босна и Херцеговина (8%) и Бугарија (7,6%).

Обемот на проблематични кредити во регионот на централна, источна и југоисточна Европа во 2019 година е намален за 8,2% во однос на една година претходно на 33,8 милијарди долари, пренесува Seenews.

Просечното учество на проблематичните во вкупните банкарски кредити во регионот изнесуваше 3,8%, што е намалување од 1,1% во однос на претходната година.

За оваа година, поради пандемијата предизвикана од Ковид-19 се очекува пораст на проблематичните кредити, а нивното учество во вкупните кредити ќе зависи од брзината на економско закрепнување.

Поврзани вести

Orange ги промовира позитивните страни на 5G со нова рекламна кампања

Влатко Зорба

Компанија од екс Југославија гради фабрика за Ковид вакцина

msp-admin

„Нетфликс“ влегува во индустријата на видео игри