СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Европските и американските потрошувачи сакаат да купат електрично возило, проблем е цената

Европските и американските купувачи се повеќе се склони да купат електричен автомобил, но сепак им пречи нивната цена, покажа истражување, истакнувајќи ја потребата од субвенции од владата во зелената транзиција.

Учеството на клиенти кои размислуваат да купат целосно електрични возила значително се зголеми, покажува годишното истражување на OC&C Strategy Consultants, објавено од Ројтерс.

Помеѓу декември и јануари, компанијата спроведе истражување меѓу повеќе од 7.500 потрошувачи на глобално ниво.

OC&C не добиле надворешно финансирање за истражувањето, вели водечкиот автор Фелисити Латчам.

Пресвртот во ставовите на клиентите се совпаѓа со круцијалниот период за автомобилската индустрија, која лансира се повеќе електрични модели за да ги исполни построгите барања за емисии на јаглерод и да го достигне американскиот производител „Тесла“, доминантна компанија на пазарот за е-возила.

Во Велика Британија, Франција и Италија, повеќе од половина од испитаниците размислуваат за нивниот следен автомобил напојуван од електрична енергија. Слична изјава дадоа скоро половина од испитаниците во Германија и САД, покажа истражувањето.

Нивниот удел значително се зголеми минатата година, особено во Велика Британија и САД, каде учеството на граѓаните кои сакаат да купат е-автомобил скокна за 81, односно 61 процент.

Потрошувачите, сепак, се уште се загрижени за цената на овие автомобили, кои обично се поскапи од истите модели напојувани од мотори со внатрешно согорување, забележа Ројтерс.

Снабдувањето и инфраструктурата за полнење ги загрижува помалку од пред една година, покажа истражувањето, а најголемата пречка сè уште е вкупната цена на набавката.

Меѓу оние кои веројатно ќе го купат, 69 проценти рекле дека се подготвени да потрошат максимум 500 долари повеќе на електрично возило отколку на обично, покажа истражувањето.

Такво сценарио, сепак, не е можно без владини субвенции, забележува Ројтерс.

Повисока продажба на е-возила евидентираат земјите кои обезбедија стимулации за купување, а европските земји воведоа неколку дарежливи програми за поттик.

Новиот американски план за инвестиции во инфраструктурата на претседателот Џо Бајден е насочен кон зголемување на бројот на е-возила во сообраќајот, најавувајќи 100 милијарди долари за дополнителни попусти при купување електрични автомобили и 15 милијарди долари за изградба на 500.000 нови станици за полнење.

Поврзани вести

Постојат ли ризици од честите плаќања со картички?

Влатко Зорба

Нафтата падна на најниско ниво во последнава година, како ќе реагира ОПЕК+?

msp-admin

Бајден најави мерки за опоравување на американскиот пазар на труд

Влатко Зорба