СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

КИНЕСКИОТ ИЗВОЗ И УВОЗ ПРОДОЛЖУВААТ ДА РАСТАТ: Брзо закрепнување на втората по големина економија во светот

Кинескиот извоз и увоз ја продолжија својата силна стапка на раст во март 2021 година како резултат на зголемувањето на глобалната побарувачка благодарение на унапредувањето на вакцинациите против Ковид-19 ширум светот.

Извозот на Кина во март, во долари, се зголеми за 30,6 проценти во споредба со претходната година, додека увозот скокна за 38,1 процент на годишно ниво, најмногу од февруари 2017 година, според штотуку објавените официјални податоци, пренесе Ројтерс.

Кинескиот надворешно-трговски суфицит изнесува 13,8 милијарди долари минатиот месец, што е помалку од 37,88 милијарди забележани во февруари и е под очекувањата на аналитичарите кои предвидуваа вишок од 52,05 милијарди долари, додава британската агенција.

Податоците за надворешно-трговската активност на Кина сугерираат дека втората по големина економија во светот ќе продолжи со моментумот на раст во 2021 година, бидејќи таа брзо се опорави од падот предизвикан од пандемијата минатата пролет.

Сепак, бавното закрепнување на побарувачката на потрошувачите, повторното појавување на случаи со корона во многу земји и тензиите во кинеско-американските односи претставуваат ризици што можат да ги загрозат изгледите за раст на Кина, според Ројтерс.

Поврзани вести

ФИТР ќе ги објави резултатите од „Стартапувај 2″

VW и Microsoft ја прошируваат соработката на софтверот за автономни возила

Влатко Зорба

Нето приходот на Амазон „скокна“ за 44 проценти

Влатко Зорба