СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Orange ги промовира позитивните страни на 5G со нова рекламна кампања

Францускиот телекомуникациски оператор Orange, во текот на оваа недела ја започна својата нова едукативна кампања во врска со употребата на 5G технологијата во Луксембург и Франција – „Најиновативната работа во врска со 5G е што ќе направиме со него“.

Лансирањето на мобилните мрежи од петтата генерација се покажа како контроверзна тема низ цела Европа, а во 2020 година беше забележан пораст на анти-5G движењето. Сепак, со оваа нова кампања, Orange се обидува да ја претстави технологијата во попозитивно светло, подигнувајќи ја свеста за нејзините придобивки и потенцијалните случаи на употреба.

Видео кампањата, што ја емитуваше операторот Orange и е во продукција на „Publicis Conseil“, ја демонстрира моќта на 5G мрежите за поддршка на иновациите во образованието, културата, забавата, здравствената заштита, транспортот и многу повеќе.

Зборувајќи за почнувањето на кампањата, Извршниот директор на Orange за комуникација, бренд и ангажман, Беатрис Мандин рече: „За Orange, 5G претставува позитивен прогрес, бидејќи ќе биде корисен за нашето општество. Од лансирањето на кампањата, најголем дел од фокусот е ставен на техничките и функционални аспекти на 5G. Сакавме да ја надминеме оваа димензија, со цел да ја подигнеме свеста на пошироката јавност за многубројните случаи на користење што ги овозможува оваа мрежа од следната генерација. Секој сектор ќе има корист од позитивниот придонес на 5G: здравствената заштита, забавата, индустријата, транспортот итн. Најиновативната работа во врска со 5G технологијата е што Orange и неговите корисници ќе направат со неа“.

Проектот го коментираше и Претседателот задолжен за креативност во „Publicis Conseil“, Марко Вентурели. „Сакавме да и дадеме значење на оваа технологија, да ги надминеме разликите и да покажеме како може да биде корисна за секого“

Поврзани вести

Кинески амбасадор: Лондон ќе сноси последици заради односот кон „Хуавеи“

msp-admin

Над 144 милиони долари од извоз на автоделови од земјава

Сајбер безбедноста во ЕУ: Дали постои европски начин?

Влатко Зорба