СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Македонската компанија „Брејнстер“ го освојува австрискиот пазар со обуки за дигитални вештини

Најпознатата македонска компанија од сферата на образованието базирано на потребите на индустријата, по пет години од своето постоење во земјава се шири во Европа. Брејнстер е еден од ретките македонски брендови кои успешно просперираат на австрискиот пазар. Првите предавања во Виена официјално започнуваат во понеделник, во рамки на т.н. Bootcamps посветени на двете во моментот најбарани и најплатени професии во дигиталниот свет – UX/UI Design и Data Science.

Со фокус на практични вештини, студентите од Виена ќе работат под менторство на етаблирани професионалци од академската фела и дигиталната индустрија во Австрија. Меѓу едукаторите за Data science е Френк Бенда, професор за машинско учење од Унверзитетот во Виена, потоа Дамјан Обал врвен професионалец кој ќе предава на UX/UI програмата, а Лена Ходл од Female Founders Accelerator, добро позната на старт ап сцената во Австрија, се вбројува меѓу нашите Learning partners.

„Оваа 2020, иако многу тешка година за целата светска економија, обележа екстремно забрзано темпо на развојот и потребите на IT индустријата. Ова се покажа како идеален момент да го направиме првиот чекор на експанзија кон нови предизвици. Виена ја одбравме како прва локација во рамки на меѓународното работење затоа што е одличен образовен и технолошки хаб, има доста млади луѓе подготвени да одат напред во кариерата. Нашите студенти доаѓаат од најразлични средини, но она што сите ги обединува е желбата да учат и професионално да се развиваат. Брејнстер Виена е нешто на кое сме посветени и горди оваа година и веруваме дека локално, но и глобално ќе добиеме фидбек за нашата работа и ќе создадеме нови успешни кадри поставени токму за потребите на индустријата која е безусловно динамична“, истакнува Петар Ниновски.

Приоритет на Брејнстер и надвор од државата останува создавањето на модерен образовен процес, според потребите на дигиталната ера. Предавањата во Виена оваа година ќе се одвиваат онлајн и на секоја од програмите има по 20 студенти – внимателно одбрани да можат да ја следат динамичната агенда која предвидува интензивно работење на реални проекти во следните шест до осум месеци.

Брејнстер активно работи на австрискиот пазар веќе четири месеци. За ова кратко време успешно се реализираа вебинари за актуелни теми со светски познати предавачи, а тимот таму веќе започна соработки со компании и професионалци истакнати во дигиталната индустрија на австриската и меѓународната сцена.

Поврзани вести

Руска централна банка: Тековни цени на нафтата се фер

Влатко Зорба

Како работата од дома е регулирана во земјава?

msp-admin

Kia може да го произведува автомобилот на Apple

Влатко Зорба