СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

MediaTek прави амбициозни планови за 5G пазарот

Тајванскиот производител на чипови MediaTek има големи надежи за 5G технологијата и планира активно да го развива својот бизнис на овој клучен пазар, според публикација на DigiTimes.

MediaTek подготвува голем број на нови 5G процесори, со кои компанијата има за цел да ја зајакне својата позиција во сегментот на мобилни „системи-на-чип“ (SoC). Производителот од Тајван ќе се фокусира на чипови за уреди што се поставени на врвот на средниот опсег.

Со други зборови, MediaTek ќе развиваат процесори со 5G поддршка за смартфоните со висок квалитет, кои во исто време нема да спаѓаат во категоријата најскапи уреди.

Исто така, се вели дека MediaTek посветува особено внимание на кинескиот 5G пазар. Според Strategy Analytics, следната година светскиот пазар за 5G паметни телефони ќе достигне 160 милиони единици, а половина од продажбите ќе се случат во Кина.

Плановите за користење на 5G решенијата на MediaTek веќе најавија многу познати брендови на паметни телефони. Конкретно, се работи за Oppo, Vivo и Xiaomi. Покрај тоа, и јужнокорејскиот гигант Samsung може да користи 5G чипови на MediaTek.

Поврзани вести

Хуавеј објави Топ 10 трендови на дигиталната моќност

Влатко Зорба

Германците изгубија околу 250 милијарди евра поради пандемијата

Влатко Зорба

Октомври, месецот на штедење идеален да почнете да размислувате за посигурни пензионерски денови

msp-admin