СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈАКОМПАНИИ

Ќе се одземаат лиценци на бензиски ако точат неквалитетни горива

Ќе има и санкции од страна на Државниот пазарен инспекторат, а ќе има и препораки до Регулаторна комисија за енергетика за одземање лиценци на бензиски ако точат неквалитетни горива, рече денеска премиерот Зоран Заев, во врска со контролите на бензиските станици во земјава за неквалитетни горива

– Тоа се дејствијата. Веќе е соопштено во јавноста каде е надминат процентот на вода, на пепел, немаат доволно петдневни резерви како што е пропишано по Законот и по Правилникот и соодветно сите институции ќе си носат одлуки, но не треба да застанеме тука – рече Заев.

Тој вели дека контролите ќе продолжат и ќе се проверува дали се почитуваат сите стандарди.

Поврзани вести

Се намалуваат цените на горивата

Белгија има стратешка улога во производството на вакцини

Влатко Зорба

Не сте изградиле добар имиџ на LinkedIn? Можеби ги правите овие 5 грешки

Влатко Зорба