СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Меѓународниот балкански универзитет дел од „Светската недела на претприемништвото”

По повод Светската недела на претприемништвото, Меѓународниот балкански универзитет во соработка со Startup Macedonia организираат онлајн настан – „Влијанието на претприемничкото образование: мултидисциплинарен пристап кон креирање на претприемачки начин на размислување кај дипломираните студенти”.

Настанот ќе се одржи во петок, 20 ноември, со почеток во 10:30 часот, а ќе биде од отворен тип и сите заинтересирани ќе можат да го следат преку Zoom платформата на следниот линк, со внесување на кодот 018771.

На темата ќе зборуваат Проф. д-р Емилија Стоименова Цаневска, Доц. д-р Наталија Шикова, Доц. д-р Ервин Домазет, Вон. Проф. д-р Наташа Кралева и Проф. д-р Викторија Кафеџиска, а модератор на настанот ќе биде М-р Вероника Томова.

Светската недела на претприемништво оваа година се одржува од 16 до 22 ноември, под мотото „Отстранување на бариерите, сите се добредојдени” и во неа се вклучени 180 земји ширум светот, односно 20.000 партнер-организации со 40.000 активности кои вклучуваат 10 милиони луѓе.

Поврзани вести

Нови цели од областа на 5G вклучени во „Дигиталната декада“ на ЕУ

Влатко Зорба

Георгиева: Меѓу финансиските лидери на Г7 има договор за стимулации и вакцини

Влатко Зорба

Тесла инвестираше скоро 6 милијарди евра во фабриката близу Берлин

Влатко Зорба