СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

CELTA центарот на ИБУ стана дел од Кембриџ за сертифицирање наставници по англиски јазик

CELTA центарот при Меѓународниот Балкански Универзитет стана овластен центар во Република Северна Македонија од Cambridge Assessment English, дел од Универзитетот во Кембриџ, за сертифицирање предавачи по англиски јазик (ELT) за студенти кои говорат други јазици.
Станува збор за сертификат кој е меѓународно признат, високо почитуван и претставува репер за квалитет, а истовремено е најшироко признат и прифатен TESOL сертификат.

Поседувањето сертификат за наставници од Кембриџ дава можност за престој и работа во странство, односно вработување во делот на наставата каде било во светот. Курсот Кембриџ CELTA ги обезбедува потребните вештини и знаења за предавање англиски јазик како втор јазик за возрасни. Обуката е претставена од целосно сертифицирани и искусни обучувачи на наставници од Кембриџ.

CELTA е дизајниран како почетен курс за обука на наставници без претходно искуство, но може да биде погоден и за апликанти со искуство. Исто така е наменет за луѓе кои веќе предавале на англиски јазик, но немаат формални квалификации за наставници, како и за наставници на други предмети кои сакаат да се преквалификуваат во наставници по англиски јазик.

Посетувачите на курсот добиваат можност да предаваат на вистински студенти на англиски јазик, да добиваат повратни информации за предавањата, како и да набљудуваат други наставници – поискусни, со малку или без искуство.

IBU CELTA центарот ќе ги започне првите курсеви во септември/октомври 2020 година. Сите заинтересирани за посета на курсот, кој ќе биде ограничен на 12 слушатели, можат да аплицираат електронски, најдоцна до 10 јуни 2020 година на следниот линк!

Поврзани вести

„Хјундаи“ повлекува дел од своето производство од САД

Влатко Зорба

Колку луѓе ќе банкротираат од пандемијата на корона вирусот?

msp-admin

Работниците од Западен Балкан имаат позитивно влијание врз германскиот пазар на трудот

msp-admin