СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Microsoft го менува фокусот на платформата Windows 10X на уреди со еден екран

Компјутерите со двојни екрани без сомнение ја претставуваат иднината, но тие нема да се појават толку брзо како што мислеше Microsoft . Компанијата првично планираше да го објави Windows 10X со нов хардвер – Surface Neo, подоцна оваа година. Сепак, гласините од минатата година сугерираат дека оперативниот систем ќе биде одложен за 2021 година.

Насочените уреди, како што се телефони, таблети и лаптопи со двоен екран, нема да бидат подготвени за испорака до есента. Во меѓувреме, во блогот на Microsoft , шефот на производите на компанијата истакна дека Windows 10X ќе пристигне на уреди со еден екран.

„Ние ја дизајниравме верзијата Windows 10X на оперативниот систем како флексибилна, а таа флексибилност ни овозможи да го префрлиме фокусот на уреди со единечен екран Windows 10X за да ја искористиме моќноста на облакот и да им овозможиме на нашите корисници да работат, учат и играат на нови начини“, рече Панос Панај во издание.

Засега, не е познато какви предности може да им понуди на Windows 10X на уредите со еден екран, со оглед на тоа што оперативниот систем е главно дизајниран за уреди со двоен екран.

Поврзани вести

Се појавија целосните карактеристики на Samsung Galaxy Note10 Lite

msp-admin

„Гугл мапс“ ќе покажува каде има најмногу инфицирани со Ковид-19

msp-admin

Успехот на iPhone 12 може да зависи од развојот на 5G мрежите

msp-admin