СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Chrome 86: Популарниот интернет прелистувач никогаш не бил побезбеден

Иако е на убедливо прво место, Chrome мора да се погрижи да биде пред своите ривали по сите прашања, вклучително и во прашањето за безбедноста на корисникот. Така е и со верзијата 86 на Chrome, која стигна до корисниците на 6 октомври, со значителни безбедносни подобрувања.

Chrome 86 носи поголем степен на безбедност на десктоп компјутерите, но исто така и на мобилните платформи, пред се преку подобрувања во врска со лозинките, заштита од сомнителни датотеки, како и преку биометриски мерки во случај корисниците да ги чуваат своите лозинки во прелистувачот.

Постои поддршка и за датотеката „.well-known/change-password“, што служи за полесно заменување на загрозените лозинки. Имено, кога Chrome ги проверува зачуваните лозинки користени за најавување, тој автоматски ги открива оние што се дел од протекување на податоци и ги информира корисниците дека треба да ги заменат, пишува Bleeping Computer.

Со верзијата Google Chrome 83, пристигна функцијата Safety Check, а со варијантата 86, оваа безбедносна мерка доаѓа и до мобилната верзија на прелистувачот. Корисниците на десктоп го добија Enhanced Safe Browser во мај, а функцијата сега пристигнува и на Android, носејќи им на корисниците заштита во реално време додека прелистуваат на Интернет и преземаат датотеки.

Покрај тоа, Google веќе некое време блокира содржина што доаѓа од несигурни HTTP врски, и ова сега важи за мешани врски – кога страницата ќе се отвори како веб-страница HTTPS, а потоа ќе се префрли на сега несаканата HTTP, пренесува PC Press.

Chrome 86 исто така доаѓа со „закрпи“ за голем број ранливости, а корисниците исто така можат да тестираат експериментални карактеристики, како што е можноста за уредување на зачуваните лозинки. Оние чиј прелистувач не е автоматски ажуриран на новата верзија, можат да преземат преку Settings -> Help -> About Google Chrome.

Поврзани вести

Apple официјално го објави iOS 14! (ВИДЕО)

msp-admin

Новиот 8K телевизор на Samsung нема никаква рамка (ВИДЕО)

msp-admin

Qualcomm и Niantic работат на паметни очила

msp-admin