Стандард
ТЕХНОЛОГИЈА

Netflix воведува автоматско преземање содржина која би можело да ве интересира

Netflix смисли уште една карактеристика на својот стриминг сервис што треба да им помогне на гледачите да откријат нови интересни филмови и серии. Тие најавија дека ќе ја надградат и „опаметат“ функција „Smart Downloads“ стара три години. Таа автоматски преземаше нови епизоди од сериите што веќе сте ги следеле на мобилните уреди, а нејзината надградба, наречена „Downloads For You“, ќе оди чекор подалеку. Имено, таа ќе го преземе на мобилниот телефон она што алгоритмите на Netflix го препознаваат како содржина, за која гледачот може да биде заинтересиран.

Намерата, велат тие, е да им бидат достапни на гледачите нови и интересни содржини, кои би можеле да ги пречекаат на нивните мобилни телефони кога ќе се најдат во област без сигнал или некаде на патот, а сакаат да гледаат нешто од оваа платформа .

За да започнете со користење на опцијата „Downloads For You“, треба рачно да ја вклучите во поставките на вашата апликација за мобилни уреди. После тоа, треба да одредите максимална количина на складирање што сакате да ја доделите на Netflix за овие цели – можете да изберете 1, 3 или 5 GB. Засега, оваа опција е достапна само на Android, а наскоро ќе започне и тестирање на истата опција за iOS.

Патем, за оние кои не знаат што да гледаат на Netflix, оваа услуга треба да им понуди на сите опција за случајна репродукција на содржини од нивната богата видео библиотека во текот на годината.

Поврзани вести

VR очилата на Apple можат да чинат 3.000 долари

Влатко Зорба

За прв пат: Пилот управува дрон од 2000 км. растојание

Влатко Зорба

WhatsApp сега бара биометриска верификација за пристап на компјутер и веб

Влатко Зорба
error: Превземањето на содржина без дозвола од авторот е дело казниво со закон!!!