СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Најголемата фабрика за автомобили во светот запира со работа поради недостаток на чипови

Јужнокорејскиот производител на автомобили Hyundai Motor Co. планира да го прекине производството во својата фабрика во Улсан помеѓу 5 и 13 април поради глобален недостаток на чипови, објави Ројтерс.

Погодената фабрика „Улсан 1“, најголемата фабрика за склопување автомобили во светот, има годишен капацитет за производство од 311.000 возила, кои исто така ги склопуваат Kona Electric и Ioniq 5, според Korea Economic Daily.

Hyundai сè уште не ја потврдил веста.

Нагласувајќи го негативното влијание на кризата со полупроводници, Hyundai, кој до неодамна остана речиси неповреден од дефицитот поради достапната залиха на чипови, стана уште еден производител на автомобили што го запира производството поради недостиг.

Минатата недела јапонскиот концерн Honda Motor Co Ltd. и најголемата американска автомобилска компанија General Motors Co. објавија дека нивните фабрики во Северна Америка ќе останат затворени или ќе работат со намален капацитет во наредните недели, наведувајќи го недостатокот на чипови како една од причините.

Комбинација од голем број фактори, вклучително и прекинување на работењето, како и зголемена побарувачка за телефони, таблети и лаптопи, доведе до глобален недостаток на чипови што ја потресе потрошувачката електроника и автомобилска индустрија во декември.

Во петокот, друг голем јужнокорејски индустриски гигант предупреди на штетата што недостатокот на чипови може да ја предизвика на глобалните синџири на снабдување. Компанијата Samsung Electronics објави дека може да го одложи лансирањето на својот втор водечки смартфон оваа година поради недостаток на компоненти.

Во последниве недели, добавувачи на автомобили, како што се Continental, Renesas Electronics и Innolux, исто така предупредуваа на подолг од очекуваниот недостаток на чипови.

Производителите на чипови, како што се Samsung и TSMC, се во првите редови на глобалните напори да се решат недостигот на снабдување. Дефицитот ги затвори погоните за автомобили ширум светот и сега го загрозува снабдувањето со други производи.

Во четвртокот, кинескиот стартап Nio Inc. најави дека привремено ќе го запре производството на електрични возила во една од нејзините фабрики во провинцијата Анхуи, поради недостаток на полупроводници. Така, Nio стана првиот голем кинески автомобилски концерн што го притисна дефицитот. Фабриката на Nio во главниот град, провинцијата Хафеи, ќе биде затворена пет работни дена од 29 март, предупреди компанијата.

Кон средината на март, шведскиот производител на автомобили Volvo соопшти дека ќе го прекине производството во Кина и САД со денови во март, поради глобален недостиг на полупроводници.

„Очекуваме ситуацијата да стане критична во вториот квартал, затоа решивме да преземеме мерки за минимизирање на влијанието врз производството работејќи секојдневно за да ја подобриме ситуацијата“, рече Volvo во изјавата.

Поврзани вести

Raiffeisen: Некои земји од Западен Балкан заостануваат во економското закрепнување

Влатко Зорба

Hyundai се „нечка“ околу производството на Apple автомобил

Влатко Зорба

Apple ќе инвестира 3,6 милијарди долари во производство на електрични автомобили со Kia

Влатко Зорба